ПИЛЕШКО СО ЗЕЛЕНЧУК И СОС ОД СИРЕЊЕ

Време за подготовка: 25 минути

За 4 лица

Состојки:

4 пилешки филеа ( околу 600 g )
сол
Вегета Маестро црн бибер
50 ml бело вино
3 – 4 лажици маслиново масло
1 Фант сос од сирење
200 g цветчиња од брокула

Подготовка:

1. Во секое филе втријте два прстофата сол и пола прстофат бибер од сите страни. Наредете го месото во длабок тањир или сад со соодветна големина па прелијте го со вино или масло. Оставте месото да се маринира некое време.

2. За тоа време спремете ја брокулата. Брокулата исчистете ја со тоа што ќе ги одстраните тврдите делови и внимателно одвојте ги сите „цветчиња”. Во тенџере ставете 1 литар вода и додајте една чајна лажица сол. Брокулата ставте ја во ладна вода. Откако ќе зоврие водата, намалете го огнот и варете 5 минути, а потоа исцедете го зеленчукот.

3. Сосот припремете го во посебно ѓезве во кој сте ставиле 300 ml млака вода. Во водата додајте ја содржината од Фант вреќичката и мешајте со маталка додека сосот не зоврие. Гответе на тивок оган 5 минути со постојано мешање, а потоа тргнете го ѓезвето од изворот на топлина.

4. Загрејте ја тавата и распоредете го пилешкото по целата површина. Не е потребно да се користи масло како подлога бидејќи филетите предходно се маринирани во масло и вино па нема да се лепат за дното од тавата. Кратко печете го месото додека долната страна не добие златно – смеѓа боја, а потоа завртете го. Ако филетите се подебели, после завртувањето намалете го огнот за да се испече внатрешноста рамномерно. При завртувањето послужете се со фаталки за месо бидејќи боцкањето на парчињата со вилушка предизвикува губење на течност од месото па тоа останува суво и ја губи сочноста. Ако не сте сигурни дали е месото печено, одберете најдебело парче и исечете го на најдебелиот дел – ако внатрешноста кај пресеченото е бела и со убава структура, месото е готово!

5. Пилешкото и зеленчукот послужете го прелиено со сос од сирење.

Вегета Фант сос од сирење 30g