КНЕДЛИ ОД СПАНАЌ СО БОЛОЊЕЗЕ СОС
Време за подготовка: 30 минути
За 4 лица
Состојки:
За кнедли:
150 g замрзнат спанаќ
250 g рикота сирење
50 g рендан пармезан
1 јајце
20 g омекнат путер
½ лажица Вегета Маестро Мускатно мелено оревче
150 g меко брашно
Вегета Маестро шарен бибер
2 лажици путер
За сос:
1 Фант Сос од печурки
50 ml бело суво вино
Подготовка:
1. Одмрзнете го спанаќот и оставте добро да се исцеди. За цедење на спанаќот може да го користите следниот метод – ставете го спанаќот на средина на крпа ( краевите мора да останат празни), завиткајте како палачинка и одвиткувајте ги краевите на завитканата крпа во спротивни правци се додека од крпата излегува течност.
2. Во сад ставете рикота, додајте јајце и убаво измешајте за да сирењето и јацето добро се сврзат. Додајте омекнат путер, пармезан, исцеден спанаќ, мускатно оревче и добро измешајте.
3. Со мешање додајте брашно за да добиете компактно цврста смеса. Со помош на 2 лажици обликувајте ги кнедлите и ставте ги на набрашнета подлога. Ставете ги во зовриена солена вода и сварете ги.
4. Кнедлите исцедте ги и ставете на 2 лажици загреан путер и испечете да добијат златна боја.
5. Содржината од Фант вреќичката сос од печурки истурете ја во 250 ml вода и мешајте со маталка додека сосот да зоврие. Додајте вино и варете на тивок оган 5 минути со постојано мешање.
6. Со подготвениот сос прелијте ги кнедлите, посипете со ливчиња пармезан и послужете.
Совет: Кај подготовка на сосот дел од водата може да ја замените со млеко.