ПЛЕТЕНКИ ОД МЕСО
Време за подготовка: 40 мин
За 4 лица
Состојки:
400 g мисиркино филе
400 g свинско филе
2 лажици масло
1 лажица Вегета натур грил класик
За прилог:
500 g компир
2 лажици Вегета натур за крцкави компирчиња
За сос:
50 ml бело вино
200 ml павлка за готвење
1 лажица сецкан магдонос
1 Фант сос од печурки
Подготовка:
1. Месото поделете го на шницли со дебелина околу 1-1,5 см, па исечете го на вкупно од 9 до 12 ленти подеднаква должина.
2. Направете плетенки така што за секоја ќе употребите по 3 лентички месо. Ако комбинирате свинско и мисиркино, ќе добиете разнобојни парчиња. Кога ќе го исплетете месото, краевите добро зацврстете ги со чепкалки. Во плетенките втријте Вегета натур грил класик и печете ги во намрсена тава за скара додека не добијат убава боја.
3. Измиениот и излупен компир исечете го на парчиња и испржете го во многу масло. Испржениот компир извадете го на хартиена слафетка да ја впие маснотијата, па посипете со Вегета натур за крцкави компирчиња и добро измешајте.
4. Фант сос од печурки изматете во 300 ml вода и со постојано мешање загрејте до вриење. Варете на тивок оган неколку минути, додајте вино, слатка павлака и уште кратко проварете. Исклучете и измешајте дел од магдоносот.
5. Месото послужете го на подлога од сос со печен компир и се полека посипете со магдонос.
