РЕЗАНЦИ НА СТУДЕНТСКИ НАЧИН

Време за подготовка: 25 мин

За 4 лица

Состојки:

400 g широки резанци
120 g шунка
20g путер
200 ml слатка павлака
1 лажица сецкан магдонос
рендан пармезан
1 Фант сос од печурки

Подготовка:

1. Шунката исечете ја на парчиња со дебелина од 1 см. Резанки ќе добиете така што најпрвин ќе исечете плочка од шунката со дебелина од 1 см, а потоа ќе ја ставите хоризонтално и од неа ќе исеќете тенки плочки со дебелина од 1-2 мм.

 

2. Исецкајте магдонос. Магдоносот е поедноставно да се исецка ако прво се измие во млака вода, а потоа да се стегне во рака за да се намали големината.Така стегнатиот магдонос ставете го на даска за сечење, а потоа со голем нож внимателно сечете на тенки делови. Кога ќе дојдете до крајот, свртете ја даскатата за 90° и повторете ја постапката во обратна насока.Со едната рака држете го ножот за рачка, а со другата внимателно ставете го врвот на ножот од горната страна. Со брзи, вертиклани потези сецкајте го магдоносот за да добиете ситни ливчиња.

 

3. Резанците згответе ги според упатството на пакувањето и изцедете ги. Кај готвењето тестенини важно е во тенџерето да има доволно вода за да целата тестенина биде прекриена дури и откако ќе набабри. За 400 грама тестетнини идеално е да се користи барем 4 литри вода, но доволно се и 3 литри ако немате доволно големо тенџере . Водата во која се готви тестенината мора да биде многу солена за да се потенцира вкусот на тестенината – на 2 литри вода слободно додајте полна лажица сол. Зготвените резанци изцедете ги и ставете ги настрана.

 

4. Загрејте ја тавата на тивок оган и на жешката тава ставете путер. Путерот лесно загорува, а еднаш загорен путер има исклучително непријатен мирис и вкус па во тек на загревањето потребно е дополнително внимание. Путерот загревајте го на тивок оган, штом површината станува немирна и веднаш штом ќе се појават ситни меурчиња, путерот е спремен за пржење.

 

5. На загреан путер додајте ја шунката и кратко пропржете. Со лажица на дното од тавата нежно мешајте ја шунката и превртувајте ја за да се испржи од сите страни.

 

6. Во помало тенџерче или сад ставете 300 ml млака вода. Во вода додајте ја содржината од Фант вреќичката промешајте со маталка, а потоа прелијте се врз шунката.

 

7. Гответе го сосот околу 5 минути на тивок оган со постојано мешање.

 

8. Пред крај на готвењето додајте слатка павлака и ситно исецкан магдонос.

 

9. Со сосот полијте ги зготвените и исцедени резанци и посипете ги со рендан пармезан.

 

Совет: Шунката може да ја замените со димена мисирка.

 

Вегета Фант сос од печурки 45гр