СОС ОД ПЕЧУРКИ СО БЕЛО ВИНО

Време за подготовка: 30 минути

За 4 лица

Состојки за шницли:

8 помали свински шницли
сол
Вегета Маестро мелен црн бибер
30 g пченкарно брашно
2 лажици свинска маст
400 g широки резанци

Состојки за сос:

1 вреќичка Фанта за сос од печурки
50 ml бело вино
50 ml слатка павлака
2-3 лажици лимонов сок
1 лажица сецкан магдонос

Подготовка:

1. Резанците згответе ги според упатството од пакувањето и исцедете ги.

2. Во котлетите со прсти добро втријте сол и бибер. Оваа постапка се користи за да се ослабнат мускулните влакна и сврзувачкото ткиво заради кои месото може да биде тврдо и жилаво, а сакаме тоа да биде меко и сочно. На котлетите ставте им пченкарно брашно само на едната страна.

3. Шницлите печете ги на загреаната маст така да прво испечете ја набрашнетата страна, а потоа свртете ги и испечете ја и другата страна. При превртувањето користете се со фаќалка за месо бидејќи боцкањето на парчињата со вилушка предизвикува губење на течноста од месото па тоа станува суво и ја губи сочноста.

4. Во посебно ѓезве ставете 300 мл млака вода и истурете ја соджината од вреќичката Фант сос од печурки, измешајте и варете околу 5 минути. После 5 минути ставете слатка павлака, бело вино и лимунов сок и уште кратко проварете. На крај додајте исецкан магдонос.

5. Резанците измешајте ги со сосот и послужете ги како прилог на шницлите.

Вегета Фант сос од печурки 45гр