ТЕСТЕНИНА БОЛОЊЕЗЕ ОД РЕЛНА

Време за подготовка: 50 мин

За 4 лица

Состојки:

250 g Тестенини Penne Злато поље
2 лажици маслиново масло
250 g мелено месо ( телешко )
1 Фант запечена тестенина болоњезе
100 ml слатка павлака
2 лажици маскарпоне сирење
100 g моцарела

Подготовка:

1. Во тава додајте три лажици маслиново масло и загрејте го на силен оган. Проверете дали е маслото доволно врело така што рачката за готвење вертикално ставете ја во маслото – ако околу рачката се појават меурчиња, маслото е спремно за готвење. Во случај маслото да почне да чади, тргнете ја тавата од оган и почекајте една минута да се излади за да не ви изгорат состојките.

2. На загреано масло внимателно распоредете го меленото месо така да го прекрива дното од тавата. Кога користите жешко масло мора да бидете внимателни – во допир со состојките кои во себе содржат течност, маслото може да почне да прска па е пожелно да се заштитите со долги ракави додека не се усовршите во процесот на пржење. Со помош на кутлача рамномерно распоредете го месото во тавата и со нежни движења мешајте и превртувајте го се додека од сите страни не ја промени бојата.

3. Во тава ставете 800 ml ладна вода, измешајте ја содржината од Фант и 100 ml слатка павлака. Се добро измешајте и оставете да проврие. Кога сосот ќе проврие, додајте маскарпоне сирење и нежно измешајте додека не се стопи. Сосот тргнете го од оган.

4. Во сад за печење ставете ја незготвената тестенина. Тестенината прелијте ја со готовиот сос и нежно измешајте за сосот да се распореди во целиот сад. Одозгора наредете домат исечен на парчиња. Бидете внимателни при сечењето на доматот – користете доволно остар нож и имајте во предвид дека наједноставно сечење се постигнува доколку сечете со средниот дел од ножот, а не со врвот.

5. Тестенината печете ја околу 15 минути во релна предходно загреана на 200 °C.

6. По 15 минути внимателно извадете ја тестенината од релна користејќи неколку пати превиткана крпа или ракавица за релна. На површина на јадењето рапоредете парчиња моцарела. Вратете го јадењето во релна и оставте да се пече уште 15-тина минути. Саканиот резултат е златно-смеѓа, крцкава тестенина со танки и исушени парчиња домат и растопен, жолтеникаво-бели парчиња моцарела. Ако 15 минути по ставањето на моцарелата јадењето не одговара на опишаното, продолжете го времето на печење и проверувајте на секои 5 минути дали е постигнат посакуваниот изглед. Имајте во предвид дека со секое отворање на релната загреаниот воздух во внатрешноста се лади при што дополнително се забавува процесот на печење.

7. Пред сервирање, оставте ја тестенината да се „одмори” 20-тина минути при што извадете ја од релна и покријте со чиста крпа. Тестенината ќе го впие остатокот сок од печењето со што овозможува сечење на убави, правилни парчиња.

8. Сервирајте ја топлата тестенина со ливчиња босилек.

Совет: Наместо мелено телешко можете телешкото месо ситно да го исецкате за уште поубав вкус.

Вегета Фант за шпагети болоњезе 58g