ЗАПЕЧЕНИ ТЕСТЕНИНИ СО МОЦАРЕЛА

Време за подготовка: 40 минути
За 4 лица

Состојки:

1 Фант за шпагети болоњезе
3 супени лажици маслиново масло
300 g мешано мелено месо
100 ml Pasata од Подравка
300 g тестенини Шпагети со јајца од Злато поље
250 g моцарела
Неколку ливчиња свеж босилек

Подготовка:

1. Содржината од Фантот потопете ја во 500 ml млака вода.

2. Во тава додајте три лажици маслиново масло и загрејте го на силен оган. Проверете дали е маслото доволно врело така што рачката за готвење вертикално ставете ја во маслото – ако околу рачката се појават меурчиња, маслото е спремно за готвење. Во случај маслото да почне да чади, тргнете ја тавата од оган и почекајте една минута да се излади за да не ви изгорат состојките.

3. На загреано масло внимателно распоредете го меленото месо така да го прекрива дното од тавата. Кога користите жешко масло мора да бидете внимателни – во допир со состојките кои во себе содржат течност, маслото може да почне да прска па е пожелно да се заштитите со долги ракави додека не се усовршите во процесот на пржење. Со помош на кутлача рамномерно распоредете го месото во тавата и со нежни движења мешајте и превртувајте го се додека од сите страни не ја промени бојата.

4. Тргнете ја тавата од изворот на топлина, ставете го пасираниот домат и спремениот Фант па вратете на оган и оставете да проврие. Печете на средно силен оган 15 минути со повремено мешање за да добиете сос. Јадењето во тавата мора постојано да врие, но не смее да фати пена. Ако јадењето почне да пени, значи дека огнот е прејак и е потребно да се намали.

5. За тоа време шпагетите подгответе ги според упатството од пакувањето и исцедете ги. Кај готвењето тестенини важно е во тенџерето да има доволно вода за да целата тесетина биде прекриена дури и откако ќе набабри. За 300 грама тестенина иделано е да се користи барем 3 литри вода, но доволни се и 2 литри доколку немате доволно големо тенџере. Водата во која се готви тестенината мора да биде многу солена со што би се потенцирал вкусот на тестенините – на 2 литри вода слободно додајте полна лажица сол. Сварените шпагети исцедете ги и тргнете ги на страна.

6. Шпагетите измешајте ги во подготвениот сос. Додајте пола количина моцарела исцепкана на мали парчиња и ливчиња босилек. Нежно измешајте и се истурете во сад за печење. На површината наредедете го остатокот од моцарела исецкан на парчиња.

7. Печете 15 минути во предходно загреана релна на 200 °C . Посакуваниот резултат е златно смеѓа, крцкава тестенина на површината со растопени, запечени парчиња моцарела. Времето за печење зависи од силата на релната па по потреба температурата може да се зголеми. Ако после изминувањето на 15 минути јадењето не одговара на опишаното, продолжете го времето на печење и проверувајте на секои 5 минути дали е постигнат посакуваниот изглед. Имајте во предвид дека со секое отворање на релната загреаниот воздух во внатрешноста се лади при што дополнително се забавува процесот на печење.

8. Пред сервирање, оставте ја тестенината да се „одмори” 20-тина минути при што извадете ја од релна и покријте со чиста крпа. Тестенината ќе го впие остатокот сок од печењето со што овозможува сечење на убави, правилни парчиња.

9. Сервирајте додека е топло.

Вегета Фант за шпагети болоњезе 58g

ПОВЕЌЕ ЗА ПРОИЗВОДОТ

Ја почитуваме вашата приватност

За да работи правилно нашата страница и постојано за да ги подобруваме нашите услуги, ние користиме колачиња. Во случај да сакате да ја оневозможите употребата на колачиња, некои делови од страната може да станат недостапни. Прочитајте ги деталите во Услови за користење.

Типови на колачиња: Технички, Маркетинг

Поставки