МИСИРКА СО СОС ОД ПЕЧУРКИ

Време на подготовка: 20 минути
За 4 лица

Состојки:

600 g мисиркин стек
Сол
Вегета Маестро црн бибер
½ лажичка Вегета Маестро рузмарин
½ лимон
2 лажици маслиново масло

Сос:
250 g печурки
2 лажици масло
1 Фант сос од печурки

Подготовка:

1. За мисиркиниот стек прво подгответе маринада. Исцедете пола лимон, додајте 2 лажици маслиново масло и пола лажичка рузмарин. Измешајте ги сите состојки.

2. Во секое парче стек втријте два прстофата сол и пола прстофат бибер од сите страни. Наредете го стекот во длабок тањир или сад со соодветна големина и полијте ги со маринада. Со прсти распоредете ја маринадата на секое парче така да сите страни бидат премачкани. Оставете го стекот да се маринира 15-тина минути.

3. Загрејте обична или грил тава и внимателно распоредете го мисиркиниот стек по целата површина. Не е потребно да се користи масло како подлога бидејќи стекот предходно е мариниран во масло па нема да се лепи за дното на тавата. Кратко печете го стекот се додека долната страна од месото не добие златно-смеѓа боја, а потоа свртете ги. Ако стекот е подебел, после вртењето намалете го огнот за да внатрешноста рамномерно се испече. При вртењето служете се со штипка за месо бидејќи боцкањето на парчињата со вилушка предизвикува губење на течноста од месото и тоа станува суво и ја губи сочността. Ако не сте сигурни дали е месото е печено, изберете го најдебелото парче и исечете го кај најдебелиот дел – ако внатрешността на стекот е бела и се дели на влакна, месото е готово!

4. Откако е готово, месото извадете го од тавата на тањир, покријте го со друг тањир или капак и тргнете го настрана да одмори.

5. Во друга тава на загреано масло ставете грубо исечени печурки и кратко пропржете ги со мешање. Ставете 250 ml вода и истурете ја содржината од Фант вреќичката. Мешајте со маталка додека сосот не зоврие.

6. Гответе на тивок оган 5 минути со постојано мешање.

7. За послужување на секој стек ставете 1-2 лажици сос од печурки и послужете со варен зелен аспарагус и варен компир.

Совет: Мисиркиното месо добро испечетего пред да го превртите на другата страна. Така нема да ви се залепи за тавата.

Вегета Фант сос од печурки 45g

ПОВЕЌЕ ЗА ПРОИЗВОДОТ

Ја почитуваме вашата приватност

За да работи правилно нашата страница и постојано за да ги подобруваме нашите услуги, ние користиме колачиња. Во случај да сакате да ја оневозможите употребата на колачиња, некои делови од страната може да станат недостапни. Прочитајте ги деталите во Услови за користење.

Типови на колачиња: Технички, Маркетинг

Поставки