ПАЛЕНТА СО ПЕЧУРКИ И СОС

Време за подготовка : 45 минути
За 4 лица

Состојки:

150 g пченкарно брашно
Вегета Маестро црн мелен бибер
1 лажица сецкан магдонос
50 ml вино
1 чешне лук
20 g путер
400 g печурки ( комбинација шитаке и буковка)
1 вреќичка Фант сос од печурки
30 g пармезан

Подготовка:

1. За палента соодносот е 1:3 доколку сакате погуста порција, а 1:4 ако сакате поретка. Тоа значи дека за 150 грама палента треба да се користи 450 ml вода погуста верзија, а 600 за поретка. Палентата се готви така што во врела и солена вода се додава една лажица масло, а потоа полека се додава брашното со постојано мешање со маталка за да не се создадат грутчиња. Кога ќе почнете да ја ставате палентата во вода, задолжително намалете го огнот бидејќи оваа состојка бргу згуснува и кога врие прска на сите страни. Бидете внимателни, намалете го огнот и за почеток носете долги ракави кога готвите додека не се запознаете со состојката.Зготвената палента истурете ја во широка тепсија за да добиете облик на тенка бисквита.

2. Лукот може да го исецкате рачно така што прво ќе го исчистите лукот, одсечете го горниот и долниот крај, а потоа исечете го на ливчиња. Потоа ливчињата се сечат на тенки стапчиња, а стапчињата на коцки. Наместо сецкање на лукот, може да користите и преса за лук која може да се купи во сите поголеми продавници.

3. Печурките потребно е добро да се исчистат со хартиени салфетки, а потоа да се измијат и да се исушат со крпа. Исечете ги на парчиња, но немора да бидат претенки бидејќи печурките во себе содржат многу вода, што значи додека се динстаат ќе изгубат многу на големина.

4. Веднаш кога сите состојки се исецкани и спремни за користење, загрејте ја тавата на тивок оган и во жешката тава ставете путер. Путерот многу лесно загорува, а еднаш загорен путер има исклучително непријатен мирис и вкус па во тек на загревањето потребно е дополнително внимание. Путерот загревајте го на тивок оган, штом површината станува немирна и веднаш штом ќе се појават ситни меурчиња, путерот е спремен за пржење.

5. На жежок путер ставете лук. Исто како и путерот, и лукот е чувствителна намирница која бргу загорува па во овој дел потребна е брзина. Откако ќе го ставите лукот во жешкиот путер, полека промешајте со лажица, а потоа дојдајте ги исечените печурки, една мала, рамна лажичка сол и два прстофати бибер.

6. Динстајте ги печурките околу 20 минути. Во тавата секогаш мора да има онолку течност колку што е потребно за да бидат печурките до пола во неа пропаднати, а кога количината на водата ќе падне под тоа, ќе треба уште да се долие. Овој процес се нарекува динстање, а најчесто се прави со помош на вода или вино. Во овој рецепт комбинирајте вода со 50 ml бело вино. После 20 минути се остава вишокот вода да испари ако веќе не испарила. Во тавата треба да остане малку течност, онолку колку што е доволно за да не се лепат печурките на дното.7. Во помало ѓезве или сад налејте 300 ml млака вода. Во водата додајте ја содржината од Фант вреќичката и промешајте со маталка, а потоа прелијте се врз печурките.

7. Во помало ѓезве или сад налејте 300 ml млака вода. Во водата додајте ја содржината од Фант вреќичката и промешајте со маталка додека сосот не зоврие. Гответе 5 минути на умерен оган непрестајно мешајќи, а потоа прелијте го сосот врз печурките.

8. Палентата исечете ја на квадратчиња и ставете ја на тањир. Врз палентата распоредете ги печурките, прелијте со сосот од печурки, посипете со рендан пармезан и украсете со сецкан магдонос.

Совет: Со палентата добро се сложуваат и други видови ароматични печурки, како што се вргањ и лисичарки.

Вегета Фант сос од печурки 45g

ПОВЕЌЕ ЗА ПРОИЗВОДОТ

Ја почитуваме вашата приватност

За да работи правилно нашата страница и постојано за да ги подобруваме нашите услуги, ние користиме колачиња. Во случај да сакате да ја оневозможите употребата на колачиња, некои делови од страната може да станат недостапни. Прочитајте ги деталите во Услови за користење.

Типови на колачиња: Технички, Маркетинг

Поставки