РОЛНИЧКИ СО ДИНСТАНА ЗЕЛКА

Врема за подготовка: 60 минути
За 4 лица

Состојки:

800 g свински бут
150 g листови кисела зелка
1 лук
1 јајце
1 конзерва шампињони ( 400 g )
50 ml сос за готвење
100 g сланина
1 лажица свинска маст
Вегета Маестро црн бибер
димена пиперка
1 Фант сос од сирење
2 лажици Вегета

Подготовка:

1. На стопена маст испржете ситно исецкан лук. Додајте на коцки исечен хамбургер, а потоа зелката исечена на резанци. Кратко мешајте додека зелката полека да омекне, а потоа додајте сол, бибер и димена пиперка. Измешајте и оставете на страна да се излади.

2. Стекот од свинскиот бут исчукајте го со чук за месо додека не станат многу тенки. Оваа постапка ги разбива мускулните влакна и сврзувачкото ткиво, па се обезбедува помеко и посочно месо. Во месото втријте Вегета.

3. Во изладената измешана зелка додајте јајце и заедно добро измешајте ги. Подготвениот прилог распоредете го над свинскиот стек и секој завиткајте го во ролничка.

4. Подготвените ролнички испржете ги на жешка свинска маст. Ролниците пржете ги прво на онаа страна на која месото се преклопува. Кога се готови, ролниците извадете ги и оставте ги на топло место, а на маснотијата од печењето додајте ги исцедените шампињони, кратко пропржете ги и налијте им 300 ml вода.

5. Додадете ја содржината од вреќичката од Фантот, измешајте додека не зоврие, а потоа вратете ги ролничките, залијте со павлака за готвење и кратко гответе.

6. Ролничките послужете ги прелиени со сос од сирење и послужете ги во прилог по избор.

Вегета Фант сос од сирење 30g

ПОВЕЌЕ ЗА ПРОИЗВОДОТ

Ја почитуваме вашата приватност

За да работи правилно нашата страница и постојано за да ги подобруваме нашите услуги, ние користиме колачиња. Во случај да сакате да ја оневозможите употребата на колачиња, некои делови од страната може да станат недостапни. Прочитајте ги деталите во Услови за користење.

Типови на колачиња: Технички, Маркетинг

Поставки