СТЕК СО МОЦАРЕЛА

Време за подготовка: 40 минути
За 4 лица

Состојки:

800 g свински стек од бут
1 лажица Вегета
1 лажица Сенф естрагон Подравка
4 компири ( 800 g )
200 g моцарела
50 g путер
2 лажици исецкан власец
1 Фант сос од сирење
200 ml вода
50 ml бело вино

Подготовка:

1. Тенко исечените стекови малку исчукајте ги со чекан за месо. Овој процес ги разбива структурните мускулни влакна и сврзувачкото ткиво и обезбедува помеко и посочно месо. Стековите посипете ги со Вегета, полека премачкајте ги со Сенф и оставете кратко да се маринираат. Лажичката или четкичката со која го премачкувате месото не смеете никогаш да ги враќате во сенфот – месото е брзо расиплива намирница, а сенфот има подолг рок на траење па е секогаш е потребно да се користи чист сад со што не би внесле непотребни бактерии во теглата.

2. Компирот излупете го со помош на нож за лупење компир, измијте го и исечете на парчиња со дебелина 0,5 sm. Варете го во зовриена, солена вода околу 15 минути, а потоа исцедете го. Компирот не треба да биде зготвен до крај за да не се распаднат парчињата при редењето.

3. Моцарелата исечете ја на парчиња.

4. Загрејте ја тавата и на жешката површина ставете путер. Кога ќе се загрее путерот, свинското месо внимателно распоредете го по целата површина. Кратко печете го месото се додека долната страна не добие сивкасто смеѓа боја, а потоа превртете го. Ако стекот е подебел, после превртувањето намалете го огнот за да внатрешността се испече рамномерно. При превртувањето послужете се со штипка за месо бидејќи боцкањето на парчињата со вилушка предизвикува губење на течността од месото и тоа станува суво и губи на сочност. Ако не сте сигурни дали е месото печено, одберете го најдебелото парче и пресечете го на најдебелиот дел – ако внатрешността на стекот е сивкасто – бела и влакнеста, месото е готово.

5. Извадете го стекот од тавата и ставете ги во сад за печење. Врз нив наредете прачиња компир, а на одозгора ставете исечени парчиња моцарела.

6. Потурете со власец и испечте на 200 °C околу 10 минути.

7. Подгответе го сосот така што содржината од вреќичката Фант ќе ја истурите во 250 мл млака вода и ќе мешате додека не зоврие. Додајте вино и гответе уште 3 минути со постојано мешање.

8. Врз основата од сосот наредете ја содржината од стек, компир и моцарела.

Вегета Фант сос од сирење 30g

ПОВЕЌЕ ЗА ПРОИЗВОДОТ

Ја почитуваме вашата приватност

За да работи правилно нашата страница и постојано за да ги подобруваме нашите услуги, ние користиме колачиња. Во случај да сакате да ја оневозможите употребата на колачиња, некои делови од страната може да станат недостапни. Прочитајте ги деталите во Услови за користење.

Типови на колачиња: Технички, Маркетинг

Поставки