ФИЛЕТИ ОД СОМ ВО СОС ОД СИРЕЊЕ

Време за подготовка: 40 минути
За 4 лица

Состојки:

1 kg компир
800 g филе од сом ( 4 парчиња )
1 лажица Вегета
сол
Вегета Маестро мелен црн бибер
60 пченкарно брашно
голема количина масло за пржење
10 g путер
100 g лук
1 конзерва шампињони ( 400 g )
50 ml бело вино
1 Фант сос од сирење
100 ml павлака за готвење

Подготовка:

1. Компирот излупете го, исечете го на кришки и ставете да се вари во солена вода.

2. Филето од сом исчистете и исушете го со хартиена салфетка и полека во рибата втријте бибер и Вегета.

3. Зачинетите филети извалкајте ги во пченично брашно кратко испржете во многу масло додека не добијат убава златна боја. Извадете и оставете ги на топло.

4. Во тава стопете путер, додајте ситно исецкан лук и испржете до добивање на златна боја.

5. Додајте ги исцедените и измиени шампињони, кратко пропржете и залијте ги со вино кратко да провријат.

6. Измешајте Фант изматен во 150 ml вода, кратко варете за сосот малку да згусти, тргнете го од оган и измешајте ја павлаката.

7. Филето од сом послужете го со варен компир прелиен со сос од сирење.

Совет: Откако ќе се исушат, врз филетите од сом полека капнете сок од пола лимон за да во текот на печењето не се распаднат.

Вегета Фант сос од сирење 30g

ПОВЕЌЕ ЗА ПРОИЗВОДОТ

Ја почитуваме вашата приватност

За да работи правилно нашата страница и постојано за да ги подобруваме нашите услуги, ние користиме колачиња. Во случај да сакате да ја оневозможите употребата на колачиња, некои делови од страната може да станат недостапни. Прочитајте ги деталите во Услови за користење.

Типови на колачиња: Технички, Маркетинг

Поставки