Правила на НАГРАДНАТА ИГРА

„ФантВремето може да се купи“

Правила на НАГРАДНАТА ИГРА: „Фант – Времето може да се купи“ (во натамошниот текст: „Правила“)

Член 1 – Компанија и седиште на организаторот

Oрганизатор на наградната игра е Друштвото за трговија и услуги Подравка ДООЕЛ Петровец, со седиште на адреса: ул. 9, бр.4 во Мултифункционална индустриска зона Ќојлија во Петровец, со ЕМБС 4276663 и ЕДБ 4030992253046 (во натамошниот текст: Организатор).

Член 2 – Име на наградната игра, време и место на одржување

Името на наградната игра е „ФантВремето може да се купи“. Нaградната игра ќе трае од 19.09.2022 година до 30.11.2022 година во 23:59:59 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Член 3 – Цел на наградната игра

Целта на наградната игра е да се зајакне врската со потрошувачите и да се рекламираат производите„Фант“ и “Вегета Фант” од истоимените брендови на Организаторот.

Член 4 – Услови за учество во наградната игра

Во наградната игра, според Член 2, право на учество имаат сите граѓани над 18 години кои живеат во Република Северна Македонија. За да се учествува во наградната игра, заинтересираниот учесник треба да ги купи било кои два производи од брендовите Фант и Вегета Фант во вредност од најмалку 140 денари и да ја зачува фискалната сметка.

Во наградната игра учествуваат следниве производи од брендовите Фант и Вегета Фант: Вегета Фант за лазањи 70g, Вегета Фант мешaавина за шпагети болоњезе 58g, Вегета Фант за запечени тестенини болоњезе 57g, Вегета Фант за запечено пилешко со 4 вида на сирење 40g, Вегета Фант сос од печурки 45g, Вегета Фант сос од сирење 30g, Фант за ќебапи и плескавици 40g, Фант за гулаш и паприкаш 65g, Фант за косани одрезак 90g, Фант за гулаш и паприкаш 65g 2+1 гратис, Фант за ќебап, плескавица и хамбургер 40g 2+1 гратис, Вегета Фант шпагети болоњезе 58g 2+1 гратис.

Пријавувањето е онлајн, на веб страницата https://fant.podravka.mk/ преку посебен онлајн формулар за регистрација (се пополнува: име и презиме, адреса на живеење, телефон, е-меил, број на фискална сметка и датум кога е извршено купувањето). Секој учесник кој ќе пополни онлајн пријава за учество во наградната игра на https://fant.podravka.mk/ најдоцна до 30.11.2022 година во 23:59:59 часот, автоматски влегува во базата од која ќе бидат наградени вкупно 6 учесници.

Право на учество во наградната игра имаат сите граѓани со живеалиште во Република Северна Македонија, освен вработените во Подравка ДООЕЛ и членови на нивното потесно семејство. Лица под 18 години не може да учествуваат во наградната игра.

Секој учесник може да учествува во наградната игра со повеќе пријави, но може да биде награден само еднаш. Доколку, по извлекувањето на победникот, се утврди дека доставените податоци се нецелосни и / или неточни, таквата пријава за учество ќе се смета за неважечка.

Член 5 Погрешни и неправилни пријави

Организаторот го задржува правото да дисквалификува учесник во кој било кој момент за времетраење на наградната игра, особено во следниве случаи: Ако учесникот ги прекрши правилата или остави неточни или нецелосни лични податоци при внесувањето на личните податоци во онлајн формуларот за пријава. Доколку пријавата содржи незаконска, опасна, злонамерна, расистичка, клеветничка, непристојна, порнографска, вулгарна или ксенофобична содржина. Пријавата не смее да прикажува или повикува на криминално или незаконско однесување. Ако се покаже дека реализираната пријава е генерирана од скрипти, макро команди и други форми на автоматизиран процес или било какви софтверски решенија. Од која било друга причина за која Организаторот смета дека негативно влијае на правичноста на наградната игра.

Член 6Награден фонд

Наградниот фонд вклучува:

1. 1 x 100.000,00 денари – уплатени на приватна трансакциска сметка.
2. 1 x Правосмукалка-робот XIAOMI MI ROBOT VACCUM-MOP P BLACK со вредност од 20.999 денари.
3. 1 x Правосмукалка BOSCH BCS 611 P4A, 2,5 mA, 18V со вредност од 17.000 денари.
4. 1 х Фритеза PHILIPS HD 9270/90, 2.000W, 1.2kg со вредност од 12.499 денари.
5. 1 х iPhone 13 128GB со вредност од 54.100 денари.
6. Електричен тротинет MS ENERGY NEUTRON m10 со вредност од 21.000 денари

Односно вкупната вредност на наградниот фонд изнесува 225 600 денари со вклучен ДДВ.

  • Прилог 1 – Фактура од Нептун Македонија.

*Организаторот го плаќа персоналниот данок.

Член 7 – Извлекување на имињата на добитниците на награди и контрола на извлекувањето

Извлекувањето  на имињата на добитниците на наградите и контрола на извлекувањето на имињата на добитниците ќе се одржи на 05.12.2022 во 10:30 часот. Извлекувањето ќе го надгледува трочлена комисија од Подравка (Наташа Димовска – маркетинг менаџер, Даниела Трајковска – директор на финасии, Симона Тасковска – маркетинг менаџер), а учествуваат сите пристигнати пријави заклучно со 30.11.2022 година во 23:59:59 часот.

Извлекувањето ќе се врши по компјутерски пат во просториите на Подравка ДООЕЛ – Петровец, со адреса на ул.9, бр.4, Мултифункционална индустриска зона Ќојлија, Петровец, Р. Северна Македонија. Извлекувањето ќе го надгледува трочлената комисија по што ќе биде направен нотарски записник кој ќе ги содржи имињата и презимињата, како и адресите на добитниците на награди. Задолжително ќе се провери дали се исполнети барањата/условите од Член 4.на овој Правилник. Извлечените пријави кои нема да ги исполнат барањата/условите од Член 4.на овој Правилник, нема јавно да се објават, а истите ќе бидат посебно записнички утврдени. Доколку некој од добитниците не подигне награда во наведениот рок, Организаторот има право да контактира со друг учесник кој се пријавил во наградната игра и ги исполнил сите Правила (резервен добитник).

Доколку во наградната игра се вклучат помалку учесници од бројот на награди кои се предвидени со наградниот фонд, тогаш ќе се доделат онолку награди колку што има и учесници.

Член 8 – Објавување на резултатите од Наградната игра

Резултатите од наградната игра ќе бидат објавени на https://fant.podravka.mk/ најдоцна 3 дена од денот на извлекувањето на наградените од наградната игра. Објавената листа на добитници ќе содржи: име и презиме и место на живеење.

Член 9 – Идентификација на добитникот на награда

Добитникот го остварува правото на наградата откако Организаторот ќе изврши увид во неговиот документ за лична идентификација и во фискалната сметка со која се докажува дека се купени Фант или Вегета Фант производи во вредност од најмалку 140 денари, а во спротивно тој го губи правото на наградата. Сите добитници треба да го потврдат својот идентитет со свој валиден документ – лична карта.

Член 10 – Начин и рок за подигање на наградите

Добитниците ќе ги добијат пакетите по брза пошта, преку компанија за брза достава до нивната домашна адреса најдоцна во рок од 45 работни дена од датумот на објавување на резултатите од наградната игра. Наведениот рок за испорака на наградите може да се продолжи само доколку добитникот му се обрати на Организаторот дека од објективни причини не може да ја превземе наградата, но не подолго од 60 дена или ако Организаторот не е во можност да ја достави наградата поради виша сила во наведениот рок. Организаторот на наградната игра не сноси никаква одговорност за задоцнети, изгубени или неправилно испратени пратки, како и за нередовна достава (кога добитникот е известен за примената пратка, но не ја подигнал). Добитникот нема можност да добие парични награди или награди за замена (наместо наградата што му ја доделило стручното жири на Организаторот). Наградата е непренослива.

Член 11 – Начин на запознавање на учесниците со Правилата на Наградната игра

Начинот на учество во Наградната игра се објавува по добивање согласност од Министерство за финансии на Р. Северна Македонија на 17.09.2022 година на веб – страницата https://fant.podravka.mk/. Со учеството во оваа наградна игра, учесниците ги прифаќаат и се обврзуваат да ги почитуваат правата и обврските пропишани во овие Правила. Сите учесници во Наградната игра се запознаени со „Политиката за приватност“ наведена на веб-страницата https://fant.podravka.mk/, како и со „Условите за користење“ на истата веб-страница.

Член 12 Право на објавување и сопствеништво на медиумските содржини

Со претходна писмена согласност дека учесниците се согласни, доколку станат добитници на некоја од наградите, нивното име, презиме, адреса, фотографија и снимен материјал, Организаторот да може да ги користи во промотивни активности преку сите медиуми, без надокнада. Исто така, Организаторот ги задржува сите права на објавување и сопствеништво на медиумските содржини, кои произлегуваат од врачувањето на наградите на добитниците. Добитникот е обврзан во целост да соработува со Организаторот, а во врска со креирањето и објавувањето на содржините произлезени од наградната игра и во врска со наградната игра.

Член 13 Право на приговор и решавање на спор

Незадоволните учесници имаат право да поднесат приговор за текот на Наградната игра до Организаторот во рок од 3 дена од објавувањето на резултатите, а Организаторот ќе одговори на приговорот во рок од 3 дена од денот на приемот на приговорот.

Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесникот во наградната игра „Фант – Времето може да се купи“ надлежен е Основниот суд во Скопје.

Член 14 – Можност за прекин на наградната игра.

Наградната игра може да се прекине единствено во случај на виша сила, а по добивање согласност од Министерство за финансии на Р. Северна Македонија согласно член 8 од Законот за игрите на среќа и забавните игри.

Член 15Валидност на правилата на наградната игра

Овие правила ќе бидат јавно објавени на веб-страницата на Организаторот- https://fant.podravka.mk/ по добивање на согласност од Министерството за финансии на Р. Северна Македонија, пред почетокот на наградната игра.

ПОДРАВКА ДООЕЛ,ПЕТРОВЕЦ

____________________

управител Ивица Саралиевски